Маск се пофали со револуција во производството: Tesla постигна голем напредок во развојот на своето најевтино возило

од Vladimir Zorba
1,1K прегледи

Пред неколку дена, Tesla конечно ги објави официјалните цени на својот пикап Cybertruck. Кога Маск првпат го објави уште во 2019 година, се зборуваше дека неговата цена ќе биде околу 40 илјади долари, додека од компанијата нагласија дека цената може да се промени. Од тогаш до денес светот минува низ корона криза, голема инфлација и поскапувања, а тоа се одрази и на Cybertruck чија почетна цена е дури 60 илјади долари.

Со ваква бројка, јасно е дека ова возило не е за секого, но затоа Tesla веќе некое време го подготвува својот прв електричен автомобил за широките маси. Маск зборува за тоа со години, а негов најголем адут треба да биде цената.

За време на интервјуто во кое главна тема беше Cybertruck, Маск се осврна и на следната генерација возила на Tesla. Иако нагласи дека не може да зборува за детали бидејќи Tesla е јавно претпријатие чии акции се тргуваат на берза, го спомена евтиното возило на кое работат. Тој овојпат не ја спомна цената, но со оглед на тоа што досега се зборуваше за цифра од 25 илјади долари, за очекување е Маск да цели кон тој ценовен распон.

Маск коментира дека Tesla работи на поевтино електрично возило кое ќе се произведува во големи количини и нагласи дека веќе постигнале значителен напредок на ова поле. Мислам дека револуцијата во производството што ќе биде претставена со тој автомобил ќе ги возбуди луѓето, изјави извршниот директор на Tesla. Најевтиниот Tesla ќе се произведува во фабрика во Тексас, а потоа и во Мексико.

Интересно е што Маск на почетокот на минатата година изјави дека тогаш не работеле на развој на поевтин автомобил, туку дека тоа им било во плановите за иднината. Се чини дека брзо се предомислил, бидејќи споменатиот напредок сигурно не дојде преку ноќ. Сепак, иако сега знаеме дека компанијата активно работи на ова возило и јасно е дека очекуваат голема побарувачка за него, Маск сепак не спомна кога можеме да го очекуваме најевтиниот автомобил на Tesla на пазарот.

Како што покажа неодамнешното истражување на JD Power, клучот за зголемената побарувачка на пазарот на електрични возила лежи во производството на помали и поевтини автомобили. Иако просечната цена на е-возилата се намалува, тие се уште се прилично поскапи од нивните конкуренти на бензин. Затоа се повеќе компании, вклучувајќи ги Stellantis и Volkswagen, како и Tesla, работат на развој на најевтини можни електрични автомобили кои треба да привлечат милиони луѓе на кои возилата со електромотори им се интересни, но се прескапи за нивниот буџет. .

Слични содржини