Жителите на малото грчко село Метаморфоси гласаа за преселување на целата нивна заедница откако селото беше поплавено во септември, во обид да се заштитат од идните катастрофи поттикнати од климатските промени.
Метаморфоси, село кое исто така било поплавено во 1953 и 1994 година, речиси исчезна под вода кога бурата Даниел, која предизвика хаос низ Медитеранот, ја погоди областа Тесалија на почетокот на септември.
Во тоа време загинаа 16 луѓе, меѓу кои и двајца кои се удавија во Метаморфоси.
Оттогаш, селото изгледа уништено, а жителите во ноември изјавија за „Ројтерс“ дека немаат друг избор освен да се преселат на побезбедно место.
Предлогот за изградба на нови куќи во блиското село Паламасу, на околу 8 километри, беше одобрен од 142 жители, додека 14 беа против. Тоа е неформално гласање во форма на статутарна декларација, изјави првиот човек на Метаморфоси, Петрос Контогианис.