Здружение на новинари на Србија: Повеќе од 100 случаи на прекршување на правата на новинарите во 2023 година

од Radmila Tasevska
221 прегледи

Во изминатите 11 месеци, Здружението на новинари на Србија регистрирало 111 случаи на прекршување на правата на новинарите, еден помалку од минатата година. Најчест вид на загрозување на слободите на новинарите бил притисок – регистриран 42 пати, речиси двојно повеќе од минатата година – објави Здружението.

„Притисоците главно доаѓаа од јавни функционери и претставници на политички партии, кои ги навредуваа новинарите или им „објаснија“ како да си ја вршат работата“, објаснува ЗНС.

Во првите 11 месеци од годинава евидентирани се 29 закани кон новинари, додека во истиот период лани оваа бројка изнесувала 43 – се наведува во извештајот на Здружението.

И покрај тоа, во 2023 година ЗНС забележа три физички напади повеќе од минатата година, односно вкупно тринаесет, а дополнително, одредени новинари беа постојано загрозени од исти лица или групи луѓе, што значи дека негативниот тренд на медиумска слободата не е запрен.

Покрај ова, во базата на податоци на Здружението евидентирани се шест случаи на оневозможување на работа помалку од 2022 година, односно 23, како и еден случај на повреда на приватноста и три случаи на напади врз имот.

Најмногу закани и притисоци претрпеле новинарите од Данас и Н1.

Слични содржини