Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека има големи недостатоци во истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, соопштија вечерва од неговата партија.
Мицкоски, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, за емисијата „Интервју“ на телевизија „Шења“ оценил дека истрагата за Вања почнала доцна.
– Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата. Погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога, за жал, малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата, рекол Мицкоски
Прашан дали тоа според него значи ненавремено реагирање, Мицкоски одговорил потврдно.
Тој додал дека од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со месеци наназад бараат оставка.