Израелскиот министер за надворешни работи: Гутереш го поддржува Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, го обвини генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дека ја поддржува палестинската екстремистичка група Хамас и во бунтот поради писмото на Гутереш до Советот за безбедност во кое бара итен прекин на огнот, побара негова оставка.

Коен оцени дека мандатот на Гутереш на чело на светската организација е „опасност за светскиот мир“ поради неговото повикување на клаузула од Повелбата на ОН за апел на интервенција на Советот за безбедност, јавуваат израелските медиуми.

Гутереш го искористи своето овластување за да го предупреди Советот за безбедност на ОН синоќа за претстојната „хуманитарна катастрофа“ во Газа и апелираше до 15-те земји-членки на телото да побараат итен прекин на огнот.

Во писмото се вели дека хуманитарниот систем во Газа е во опасност од колапс по двомесечна војна која создаде „ужасно човечко страдање, физичко уништување и колективна траума“ и бара цивилите да бидат поштедени од дополнителна штета.

Гутереш се повика на член 99 од Повелбата на ОН, во кој се вели дека генералниот секретар може да ги информира членовите на Советот за работи за кои мисли дека го загрозуваат меѓународниот мир и безбедност.

„Меѓународната заедница има одговорност да го искористи сето свое влијание за да спречи понатамошна ескалација и да стави крај на оваа криза“, напиша Гутереш, пренесе АП.

Портпаролот на ОН Стефан Дижарик рече дека очекува генералниот секретар да се обрати пред Советот за безбедност на ОН оваа недела и да изврши притисок за хуманитарен прекин на огнот.

Израелскиот министер рече дека повикот на Гутереш за прекин на огнот во војната предизвикана од „злосторствата на Хамас на 7 октомври на југот на Израел е поддршка за палестинската терористичка организација и убиства на стари лица, киднапирање бебиња и силување на жени“.

Околу 3.000 палестински екстремисти влегоа во Израел тој ден преку пробиена гранична ограда, убија околу 1.200 луѓе и одведоа околу 240 заложници во Газа со поддршка на ракетни напади врз израелските населби.

Повеќето од загинатите се цивили, а околу половина од заложниците се жени и деца, вклучувајќи бебиња и мали деца.

Слични содржини