Ќе биде поднесена кривична за возачот што го превезувал Палчо од Белград до Турција

од Nikola Popovski
365 прегледи

Најавена е кривична пријава за возачот на убиецот Љупчо Палчевски – Палчо кој го превезувал од Белград до Турција. Ова денеска го порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид.

Струмичанецот Стефан Димковски, кој возел на релација Белград-Бугарија-Турција, вчера пред полицијата негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство.

Палевски на 30 ноември со возило „шкода супер б“ управувано од неговиот адвокат бил пренесен во Србија. Таму ноќта ја поминал во хотел, од каде Димковски следниот ден со џип „ленд ровер“ го презел и го донел во Бугарија, а потоа преку граничниот премин Градина до Турција.

-Министерство е во контакт со полицијата во Турција, како и со нивните оперативци. Ни потврдија дека Палевски е пронајден во Баликесир и дека сакал да замине во Истанбул. Чекал такси да го однесе, но направил симулација и се вратил назад. Бил уапсен од тамошната полиција додека се движел по еден од автопатите кај Баликесир, изјави пред две вечери Спасовски.

Палевски ќе им биде предаден на македонските власти по завршување на екстрадициската постапка, за која министерот вели дека се надева дека ќе биде завршена што е можно поскоро.

Слични содржини