Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денес во Брисел одржа брифинг состанок со делегатите од работната група за проширување на Советот на Европската Унија, КОЕЛА.
На средбата со делегатите, се говореше за успешното завршување на Скрининг процесот, за следните планови во однос на доставувањето на потребните документи за реализација на реформите во државата, стратегијата за Планот за раст која државата во моментов ја развива со цел да ја имплементира и кои се предизвиците на патот кон ЕУ.
Маричиќ се заблагодари за поддршката до членовите на Советот и до сите засегнати страни кои беа дел од Скрининг процесто и за целовкупната поддршка која ЕУ ја дава интересирајќи за тоа како можат делегатите да се вклучат и позитивно да влијаат во кругот на своето делување со цел Северна Македонија успешно да ги реализира процесите на патото кон ЕУ.
Вицепремиерот истакна дека со завршувањето на скрининг процесот се заокружува една многу важна фаза во која во 15 месеци, институциите работеа со многу голема посветеност чијшто резултат е успешната реализација на овој процес.
Тој рече дека следните чекори кои што треба да се превземат се подготовката на патоказите за реформите и акциониот план на којшто институциите во моментов забрзано работат, понатаму превземање на одговорноста и усвојувањето на уставните амандмани како и максималното фокусирање на стратегијата за Планот на раст.
Планот за раст е важна инстанца, односно одличен инструмент со кој ќе успееме да ги спроведеме потребните реформи на патот кон ЕУ.
Претставниците на државите членки на ЕУ во работната група КОЕЛА, ја потврдија силната поддршка на земјите членки на КОЕЛА за продолжувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и и несомнено беа заинтересирани како би можеле да придонесат за успешно интегрирање во Европа.
Фокус на разговорот беше насочен на прашањето што по завршувањето на скрининг процесот, кои се следните чекори со конкретни прашања од делегатите кои ја потврдија нивната поддршка и како граѓаните на Северна Македонија можат да чувствуваат резултати на нашиот пат кон ЕУ.
На состанокот Маричиќ, зборуваше за важноста на периодот кој следи за Северна Македонија со цел да се завршат обврските кои се зададени со преговарачката рамка, да се усвојат уставните амандмани, да се продолжи со подготвување и спроведување на реформите и да се искористи уникатната шанса за проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан, Молдавија и Украина.
На состанокот присутен беше и шефот на Мисијата при ЕУ во Брисел, Зулфи Исмаили.