Времето на постот можете да го искористите на вистински начин, откривајќи нови рецепти и играјќи си со вкусовите.
Кифличките, какви и да се, секогаш беа вистинска ѕвезда на масата. Затоа овој солен и посен ролат, кој има вкус сличен на виткана пица, е рецепт кој веднаш ќе го запишете.
Состојки:
* главица кромид
* 400 гр печурки
* 200 гр посен мајонез
* 100 гр посен кашкавал
* 300 гр ајвар (околу половина тегла)
* 2 листови обланда
Подготовка:
Кромидот и празот исечкајте ги во сад. Пропржете ги на средна температура.
Печурките добро измијте ги и исчистете ги, па додајте ги во кромидот и почекајте да го испуштат целиот сок.
Ставете ги обландите на работната површина.
Во сад измешајте мајонез, малку рендан посен кашкавал и пржените состојки и смесата премачкајте ја на еден лист обланда.
Одозгора рамномерно ставете уште еден лист обланда и премачкајте го со ајвар.
Потоа ставете уште еден лист обланда и премачкајте го со ајвар. Не заборавајте да намачкате помали количини по рабовите на обландата, за да не „искипе“.
Кога обландите ќе омекнат, полека виткајте го ролатот.
Оставете го во фрижидер да се излади најмалку 20 минути пред послужување.
На здравје!