Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен го обвини генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш дека, како што наведе, „зазема страна на Хамас по повикот за прекин на огнот во Појасот Газа“, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Повикувањето на членот 99, кој не е искористен за војната во Украина или граѓанската војна во Сирија, е уште еден пример за пристрасниот и едностран став на Гутереш“, напиша Коен на мрежата Х.
Според неговата проценка, повикот за прекин на огнот „ја срамоти позицијата на генерален секретар“ и го претставува „знакот на Каин“ во ОН.
Израелскиот министер повтори дека прекинот на огнот во овој момент ќе го спречи уништувањето на палестинската милитантна група Хамас, која врши воени злосторства и злосторства против човештвото, и ќе овозможи да продолжи да владее во Газа.