Цветин со изложба за УНИЦЕФ и по повод Декларацијата за човекови права

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Нашиот познат уметник и хуманист Живко А. Поповски – Цветин организира изложба на Цвеќиња на мирот по повод 77 години постоење на УНИЦЕФ и 78 години од донесување на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации.

Изложбата се организира на 11.12.2023 година (понеделник) во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот.

На изложбата свој говор ќе одржи Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор во Франција и УНЕСКО, а со музички нумери ќе настапат Борис Трајанов (баритон и амбасадор на мирот на УНЕСКО) со пиано придружба на Дарко Мариновски, оперската пејачка Серафина Фантаузо и Драган Мијалковски.

Слични содржини