292
Запечен ориз со месо, многу вкусен оброк кој лесно се подготвува.
Состојки:
– околу 400 гр пилешко филе
– 1 главица кромид
– 200 гр ориз
– 5 дл јогурт
– сол, бибер
– сув билен зачин
Подготовка:
Месото исечкајте го и пропржете го со кромидот, па зачинете се.
Измијте го оризот.
Во подмачкан огноотпорен сад ставете половина од прженото месо, а одозгора ставете половина од измиениот и исцеден ориз.
Повторете сè за да завршите со слој ориз.
Истурете јогурт и покријте со фолија.
Ставете во ладна рерна и печете на 180 степени околу 45 минути.
Кон крајот на печењето извадете ја фолијата за јадењето убаво да се запече.