„Монд“: Израел правото на самоодбрана го претвори во право на уништување

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Весникот „Монд“ наведува дека САД на 8 декември гарантирале продолжување на казната на која Израел осуди цела нација, откако ја отфрлиле нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „итен хуманитарен прекин на огнот“.

Уредништвото на весникот укажува на фактот дека правото на самоодбрана стана право на уништување, во согласност со најавата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант дека Израел се соочува со „човечки животни и како такви ќе ги третира“.

Стратегијата насочена кон елиминирање на Движењето на исламскиот отпор (Хамас) сега, како што наведува весникот, се претвори во масовни убиства, бомбардирање болници, осиромашување и изгладнување стотици илјади луѓе.

Во уводникот со наслов Израел изгубен во масакрот во Газа, беше наведено дека „Палестинците, по наредба на Израел, како говеда ги бркаат од еден во друг дел на Појасот Газа, а извиците на агенциите на ОН, кои прават импресивни напори, одекнуваат во празнината“.

Ле Монд наведува дека овој невиден масакр не е оправдан бидејќи неговите досегашни резултати се уште се далеку од декларираната цел за елиминација на Хамас. Посочуваат дека поразот на Израел во оваа војна не е изненадување бидејќи повеќе од половина век, и пред 7 октомври, не се снаоѓа во борбата против ова движење. Израел отстапува од законот, со тоа уништувајќи се себеси, а САД не го спречуваат.

Весникот во заклучокот го оправдува американскиот претставник во Обединетите нации да стави вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа бидејќи примирјето „ќе го посее семето на идната војна“, поставувајќи прашање „дали Вашингтон верува дека продолжувањето на израелското бомбардирање на Газа без заштита на цивилите може да резултира со нешто друго освен омраза, која не се гаси во оваа крвава земја“? 

Слични содржини