Додека Парис Хилтон деновиве е во центарот на вниманието поради доаѓањето на светот на нејзиното второ бебе, ќерката Лондон, поранешниот вереник на богатата наследничка, Крис Зилка, привлече големо внимание откако јавно проговори за нивното раскинување во 2018 година.
До разделба дошло откако актерот „почувствувал дека треба да се откаже од нешто без што не може да живее“.
Сепак, тој не ја обвинува неа за пропаѓањето на нивната љубов, туку себеси. Исто така, забележува, никогаш не ѝ се извинил за се што се случило.
Во тоа време, имено, тој ја оставил својата работа настрана „за нив, за да успеат“, но прилично брзо сфатил дека не може да го прави тоа засекогаш. Веридбата пропаднала по околу 10 месеци.
„Очигледно, ја ставив на прво место и не се каам за тоа, ниту малку“, нагласил тој во Ned’s Declassified Podcast Survival Guide, чија тогашна избраничка потоа се омажила за Картер Реум во 2021 година.
„Никогаш не ѝ се извинив што не бев благодарен за се што ми даде. Нам ни беше прекрасно“, додала Зилка кој потпишал договор за доверливост по оваа романса, но тоа не му пречи многу бидејќи „секако нема ништо лошо да се каже“ на темата.
Од друга страна, Парис своевремено зборувајќи за нивната разделба навела дека тоа е „најдобрата одлука која ја донела“.