315
Палестинското претседателство и Хамас во вторникот го поздравија барањето на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.
Палестинското претседателство ги повика земјите кои гласаа за резолуцијата да го обврзат Израел да ја спроведе.
Хамас го поздрави барањето на ОН за итен хуманитарен прекин на огнот во Газа и ја повика меѓународната заедница да продолжи да врши притисок врз Израел да се придржува до резолуцијата, изјавил високиот претставник на палестинската група, Изат ел-Решик, рано во средата.
Повеќе од три четвртини од 193-членото Генерално собрание го поддржаа потегот, на кој САД минатата недела ставија вето во Советот за безбедност.