394
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд запленија девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Лицето скрило 7000 евра под акумулаторот во едно возило.
Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.
Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.