Што се однесува за таа забелешка, во однос на предметот математика за 6-то одделение, техничката грешка е на почитуваните автори. Има и неколку решенија странично од задачата. Јас побарав официјално забелешка бидејќи се работи за универизитетски професори. Како тие ќе го достават својот став за техничката грешка, веднаш ќе го доставиме одговорот до јавноста, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, по објавата на социјалните мрежи за дел од учебникот по математика, каде што во една од задачите по геометрија било наведено дека збирот на аглите во затворен триаголник е 190 степени.
Знаете дека во сите учебници во математика имало и претходно некоја грешка, истакна министерот. Според него, и во минатото, студенти и ученици имаат најдено грешки на најдобрите математичари.
-Јас периодов и секогаш до рецезентите и професорите побарав да бидат што повеќе внимателни. Очекувам нивен одговор и транспарентно ќе ја известам јавноста, кажа Шаќири.
Грешката во задачата ја забележа и објави професорката по математика од скопската гимназија „Раде Јовчевски –Корчагин“, Фросина Митрушева. Збирот на внатрешните агли во секој триаголник е 180 степени.