Екстрадицијата може да трае со месеци – Палевски може да бара азил, порачаа од Министерството за правда

од Nikola Popovski
236 прегледи

Иако целото барање и документација за екстрадиција на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски-Палчо е испратено во експресно време до турските власти, сепак од нашето Министерство за правда не очекуваат тој да биде испорачан во земјава за денови или недели, туку во најдобар случај би се работело за месеци.

Не е извесно дека ќе има брза екстрадиција, затоа што брза постапка треба да побара и да се согласи со неа бараното лице, а од Министерството не очекуваат дека Палевски ќе бара брзо испорачување во Македонија, беше соопштено денеска на прес-конференцијата.

Велат дека кога се скратени постапки за екстрадиција, лицето прифаќа да биде предадено и екстрадирано.

-Негово лично право е да побара да биде скратена екстрадиција и негово право е да се жали на постапката, објаснија од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Беше соопштено дека Палчо може да побара и азил во Турција, без разлика на тоа што е уапсен и дека до конечната одлука, Турција нема да ги известува за тоа што се презема во врска со случајот.

Палевски беше фатен во турскиот град Баликесир откако по него беше распишана меѓународна потерница. Тој е првооосмничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Слични содржини