147
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ на која и завршува мандатот во земјава.
-На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Петровиќ за поддршка и соработката на нашите две пријателски земји како и на нашите две Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор, соопшти попладнево МВР.
Во оваа прилика министерот Спасовски и врачил пригоден подарок на амбасадорката Петровиќ во знак на благодарност за успешната соработка.