Зеленски ја посети касарната на американската армија во Визбаден, тврди германската полиција

од Radmila Tasevska
268 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во кратка посета на Германија на враќање од САД и по разговорите во Норвешка со лидерите на петте скандинавски земји, јави ДПА.

Според германската полиција, Зеленски слетал на аеродромот во Франкфурт, а потоа ја посетил касарната на американската армија „Клеј“ во Визбаден, на околу 30 километри западно.

„Уште еднаш се уверив во одличниот квалитет на американската воена помош за Украина. Тоа е исклучително важно за нашата победа“, напиша Зеленски на „Икс“.

Тој додаде дека очекува Конгресот во Вашингтон многу брзо да донесе одлука за продолжување на помошта за Киев.

Слични содржини