Мелони: Италија имаше водечка улога во отворањето на пристапните преговори со Украина

од Radmila Tasevska
286 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и рече дека Рим има водечка улога во тоа.

Мелони го изрази големо задоволство од конкретните чекори напред во процесот на проширување, кој е постигнат на самитот на Европскиот совет за Украина, Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, соопшти нејзиниот кабинет, пренесе Анса.

„Ова е резултат на значајна вредност за Европската унија и за Италија, која беше создадена како резултат на сложени преговори во кои нашата земја имаше водечка улога во активната поддршка, како на земјите од источното трио и Босна и Херцеговина, така и на земјите од Западниот Балкан“, се вели во соопштението.

Слични содржини