Димитриевски: Моите разногласија со СДСМ датираат од 2016 – не сум ниту левица, ниту десница

од Nikola Popovski
200 прегледи

Моите ставови и разните разногласија со раководството на мојата поранешна партија датираат уште од 2016-2017 година. Јас ниту сум левица, ниту сум десница. Јас сум Максим – лично и персонално. Каква ќе биде политиката на политичкиот субјект, ќе ја дефинираат телата и органите на партијата, рече градоначалникот на општина Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој истакнува дека неговите ставови се левичарски, особено во делот на економските и социјалните политики во државата. Што се однесува до националниот пристап, порачува дека тие одат кон центарот, повремено и десно, бидејќи како што вели, на никој не му е забрането да биде патриот.

-Тоа што некои го изедначуваат патриотизмот со национализам е нивен проблем. Мојот став е дека сме Македонци со свој јазик, историја и култура. Елементарната поставеност на ЗНАМ ќе биде на крушевските и асномските корени и тоа е суштината за постоењето на оваа држава, рече Димитриевски во емисијата на „Слободен печат“.

Според него, во СДСМ денеска нема социјалдемократија.

-За мене тоа е затворена приказна и немам потреба ниту да прашувам, бидејќи не добив статутарна можност да се произнесам, кажа градоначалникот.

Слични содржини