Првото Светско клупско првенство во нов формат ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули, одлучи денеска ФИФА.
Досега секоја година се одржуваше натпревар на кој учествуваа шампионите од сите континенти, а сега натпреварувањето ќе има формат сличен на репрезентациите и ќе се одржува на секои четири години со учество на 32 клуба.
На Светското првенство ќе играат екипи од континентите, а Европа ќе има 12 претставници.
Засега се знае дека тоа ќе бидат Челси, Реал Мадрид и Манчестер Сити, како шампиони на Европа во последните години, односно Баерн, Пари Сен Жермен, Интер, Порто и Бенфика преку коефициент.
Досегашниот формат на Светското клупско првенство нема целосно да се укине, туку ќе се претвори во своевидно Куп натпреварување во кое европскиот првак секоја година ќе се бори за трофејот со победникот од плеј-офот.