Поимот „европски фронт“ е ПР стратегија на Владата. Тоа не значи дека другите партии не се за Европа. Ние речиси и да немаме некоја партија која е против членство во ЕУ, изјави денеска лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Од друга страна, додава Ангелов, како партија имале преговори, барем во делот на Законот за бранители и необесштетените семејства на загинати бранители.
-Некако не наидуваме на разбирање – кај СДСМ постои добро расположение, но кочницата е кај ДУИ. Поднесовме иницијатива до Владата, не се закануваме, но бидејќи не помина поднесовме предлог за изменување и дополнување на Законот за бранители. ВМРО-ДПМНЕ му даде целосна поддршка, очекувам претседателот на Собранието да го стави на дневен ред. Се надевам дека СДСМ ќе даде поддршка, кажа првиот човек на Достоинство.
Според него, доколку најголемата опозициска партија не покаже добра волја за да биде изгласан, ќе ја напуштат владеачката коалиција.
Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија.
-Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ веќе е минато. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воени инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, рече директорот на ЦУК во гостувањето на радио „Лидер“.