Костадиновска-Стојчевска: Секое дете заслужува да ја споделиме среќата со него, а театарот тоа ни го овозможува

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во Театарот за деца и младиници – Скопје беа дел од најискрената публика, децата од социјално ранливи категории, кои се дел од штитениците на Министерството за труд и социјална политика.

-Со децата имаавме можност да ја гледаме театарската претстава „Гига мега бајка“, приказна која е колаж од веќе познатите смешни и забавни бајки „Црвенкапа“, „Пинокио“, „Аладин“, Заспаната убавица“. Претставите за најмладите ја развиваат детската фантазија и креативност, а насмевките и детскиот џагор се наша несомнена причина уште повеќе да вложуваме за нивната посреќна и повесела иднина. Актерите ги анимираат децата со еден куп необични и урнебесни случки кои палаво и магично создаваат еден свет кој ја раскажува модерната бајка,  изјави Костадиновска-Стојчевска.

Министерството за култура се приклучува на  настаните кои во духот на предновогодишните празници ги мапираат социјално ранливите категории на граѓани, а се одвиваат под мотото:  „Среќата се споделува“.

Заедничката дружба продолжи и понатаму по оваа поучната и смешна бајка, кога на дечињата со помош на Дедо Мраз им беа поделивме новогодишни пакетчиња.

-Посветено се грижиме за развивање и унапредување на културата уште од најрана возраст. Секое дете заслужува да го разоткрие светот на културата и уметноста, што претставува пробежиште од реалниот свет и надеж за исполнување на детските соништа и желби. Со децата си разменивме многу искрени насмевки, новогодишни желби и другарски пораки за безгрижно детство и си посакавме повесели да се видиме и наредната 2024 година“-рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини