Руската армија уништи 25 украински дронови во текот на изминатиот ден, а неколку десетици украински напади беа одбиени. Западот почнува да зборува за мировни преговори, само затоа што сака да купи одмор за Киев на фронтот, а се уште ја гледа Москва како непријател, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ситуацијата во Украина може да се влоши до тој степен што ќе биде неопходно да се прибегне кон мобилизација на жени, го изрази мислењето пратеничката на Врховната Рада од партијата „Глас“ Ина Совсун.
„Ќе има непопуларни одлуки. Не го отфрлам фактот дека можеме да дојдеме до опбилизација на жени. Ако тоа биде потребно за одбраната“, рече таа.
„Ќе мораме да излеземе со изјава: Пријатели, или ја губиме војната, или ќе треба да донесеме тешка одлука да ги мобилизираме жените“, додаде Совсун, пренесува „Спутник“.
Истовремено, посочи, потребно е да се утврдат категориите на жени кои ќе бидат мобилизирани и да се решат други прашања кои се однесуваат на организацијата и поддршката на оваа мерка.