233
Обвинителката Лиле Стефанова вчера беше избрана за обвинител во Републичкото обвинителство, односно стана еден од десетте заменици на републичкиот јавен обвинител.
Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а до пред изборот во републичкото, работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе остане запаметена по тоа што се спогоди со екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков за конфискација на неговиот имот.
Таа е позната по предметите како ,,Империја” и „Плацеви на Водно”, кои завршија со осудителни пресуди за обвинетите.
На вчерашната седница на Советот на јавните обвинители за обвинител во Републичкото обвинителство е избран и Наум Паноски, кој претходно работеше во Обвинителството за организиран криминал.