Советот за македонски јазик при Владата повикува на усвојување на Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик

од Radmila Tasevska
272 прегледи

Советот за македонски јазик при Владата на Република Северна Македонија го повикува претседателот на собраниската комисија за култура Кастриот Реџепи, веднаш да ја свика комисијата за култура на Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.

– Советот за македонски јазик при Владата на РСМ упатува јавен повик до претседателот на Комисијата за култура во македонското Собрание, Кастриот Реџепи веднаш без одложување да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, стои во соопштението од Советот.

Оттаму дополнуваат дека секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество.

– Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е изготвен и усогласен со Советот за македонски јазик, одржани се повеќе јавни расправи и се усогласени различните дополнувања дојдени од пратениците и од други места,  а во негова изработка учествуваше и пошироката стручна и културна јавност. Сакаме да одбележиме дека постапката за носењето на новиот закон е поддржано од сите пратенички групи кои изразија подготвеност и амандмански да учествуваат во неговата финализација, наведуваат од  Советот за македонски јазик при Владата.

Слични содржини