Оливер Спасовски на следното појавување во јавност нека одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, син на познатиот командант Баци, којшто треба да е во притвор, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во изјава за медиумите.
Како што вели Стоилковски, Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога кокаин, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство.
-Дали е можно Наим Самиу да ја напуштил државата, дали е можно да имал помош од МВР, дали зад сето стојат врските на СДС со неговиот татко познат како командант Баци?
На 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор, рече меѓу другото портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.