Трајко Славески е претседател на Советот на Град Скопје, мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ и тие носат одлуки како и што да му се случува на Скопје. Власта во градот е во рацете на мицковистите кои имаат инсталирани и повеќе од 500 мицковисти се членови на управни, извршни одбри и јавни претпријатија во Град Скопје, тие ја креираат политиката а нивна е и одговорноста, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во подкастот на Инфомакс.
Како што посочува „мицковистите се власт во град Скопје“.
-500 членови на управни, извршни одбори во јавни претпријатија, во јавни установи, во надзорните одбори имаат на овие јавни установи, јавни претпријатија. Имаат во училишните одбори, значи луѓето се власт. Луѓето имаат мнозинство во советот, луѓето имаат претседател во Советот. Вие кога ќе го погледнете Собранието, најверојатно ви е јасно кој е таму власт. Исто, кога ќе го погледнете Град Скопје и кој го води од таа сцена во советот, најверојатно ви е јасно кој го води. И тука нема бегање од тоа, изјави Арсовска во гостувањето на Инфомакс.