Џенифер Лопез откри ЗОШТО решила да ја откаже својата прва свадба со Бен Афлек

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Можеби звучи како дел од филмско сценарио, но ова е вистината. Пејачката и актерка Џенифер Лопез откри дека развила посттрауматско стресно пореметување откако нејзината венчавка со американскиот актер Бен Афлек беше прекината пред 19 години.

Уметницата признала дека била болна откако пропаднале плановите за нивната прва венчавка. По 20 години, во 2021 година, двајцата си дадоа втора шанса.

Џенифер во својата исповед навести дека планирале да се венчаат во август 2022 година во Савана, а бидејќи нивното семејство требало да биде таму, се било многу стресно.

„И не знам дали го знаете ова, но пред 20 години требаше да се венчаме. Потоа се се распадна, имав посттрауматско стресно растројство и си помислив: „Дали ова се случува?“ – објасни таа.

Парот прво се вери во 2002 година, а потоа на 10 септември 2003 година, само четири дена пред да се венчаат, објавија дека ја одложуваат венчавката.

– Поради преголемото медиумско внимание околу нашата венчавка, решивме да го одложиме датумот. Почнавме да чувствуваме дека духот на она што требаше да биде најсреќниот ден во нашите животи може да биде загрозен – се вели во соопштението.

Дефинитивната разделба се случи во јануари 2004 година, кога Лопез ја објави во медиумите. По 19 години, двајцата повторно се вратија во врска и по една година решија дека сега е вистинското време за брак.

Џенифер призна дека ја „дотепало“ тоа што еден ден, среде подготовките за венчавката, Бен и рекол: „Ајде да одиме во Лас Вегас и да се венчаме вечерва“.

Во истото интервју Џенифер ја коментираше и моменталната ситуација на парот.

– Сега сме помудри. Знаеме и што е важно, што е навистина важно во животот, а не што мислат другите луѓе. Се работи за тоа да бидеш верен на тоа што си – рече таа.

Слични содржини