Земјоделството и рибарството во северна Кина изгубија милиони долари во разорниот земјотрес

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Економските загуби во земјоделството и рибарството по разорниот земјотрес во Кина се проценуваат на повеќе од 70 милиони долари.

Во земјотресот, што на 18 декември ги погоди кинеските провинции Гансу и Кингхаи на север, загинаа 148 лица. Околу 1.000 луѓе се повредени, а повеќе од 14.000 куќи се уништени.

Властите на Гансу соопштија дека прелиминарните проценки покажале дека земјоделската и рибарската индустрија во покраината изгубиле 532 милиони јуани (околу 74,6 милиони долари), објави државната телевизија СиСиТВ.

Властите, како што наведуваат, сега размислуваат како најдобро да го искористат фондот за помош, за да може земјоделскиот сектор да продолжи со производството што е можно поскоро.

Како што е соопштено, првата серија од 500 привремени станови за жителите на Меипо, село во Гансу, била поставена синоќа.

Многумина ја поминаа ноќта во засолништата поставени во областа, додека температурата е значително под нулата.

Слични содржини