Бајден со сопругата во традиционална предбожиќна посета на Детската национална болница

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден и сопругата Џил Бајден синоќа беа во традиционална предбожиќна посета на Детската национална болница во Вашингтон на средба со најмладите пациенти и нивните семејства.

Додека претседателот Бајден ги поздравуваше децата и нивните родители, првата дама им ја читаше “Ноќта пред Божик“. Бајден им се заблагодари на вработените во болницата и ги охрабри децата и нивните родители „да имаат верба“.

– Следниот Божик кога ќе се сретнеме можеби тоа ќе биде во Белата куќа, им рече тој на децата.

Посетата е дел од 81-годишната традиција на носење ведрина и подароци од страна на првите дами на САД за децата кои се болни и не можат да бидат дома за Божик. Традицијата започна со Бес Труман, сопругата на поранешниот претседател на САД Хари С.Труман.

Бајденови денеска заминуваат во претседателскиот ресорт Кемп Дејвид, Мериленд, каде ќе останат за божиќните празници до понеделник навечер. 

Слични содржини