Богоев: Политичарите од албанскиот блок кога се со СДСМ делуваат за соживот, кога се со ВМРО-ДПМНЕ ги разгоруваат меѓуетничките страсти

од Nikola Popovski
271 прегледи

Политичарите од етничките албански партии кога се во коалиција со СДСМ делуваат за мултиетничност, соживот и едно општество за сите, а кога се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ги разгоруваат меѓуетничките страсти. Повторно го гледате истото танго кое 11 години го имаше во земјава, во време на режимот. Едниот ќе го штити крстот на Попова Шапка, а другиот со општината ќе го рушел. Биљал Касами стана градоначалник и има мнозинство во советот на Тетово, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска потпретседателот на СДСМ и директор на Царината, Стефан Богоев.

Според Богоев, „Касами и Мицкоски повторно измислуваат начини да ги разгорат меѓуетничките односи“.

Во однос на објавените анкети за рејтингот на партиите, потпретседателот на СДСМ порача до ВМРО-ДПМНЕ „да ги видат анкетите за задоволството од градоначалничката на Скопје и градоначалниците во Велес, Штип, Битола и Аеродром“.

-Доволни се овие пет општини. Ако сакаат јас ќе им ги дадам анкетите. Граѓаните се крајно незадоволни од работењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се рефлектира на изборите, кажа Богоев во емисијата на „Слободен печат“.

Слични содржини