Јапонската сонда стигна во орбитата на Месечината, следи спуштање на лунарната површина

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Јапонската вселенска агенција објави дека нејзината сонда „Слим“ успешно влезе во орбитата на Месечината, каде што треба да слета на 20 јануари.

Напредната истражувачка сонда Moon Sniper може да лета на 100 метри од одредена точка на површината на Месечината, пренесува Kyodo.

Доколку слетувањето биде успешно, Јапонија би станала дури петтата земја која спуштила сонда на Месечината, по САД, СССР (Русија), Кина и Индија.

Сондата беше лансирана на 7 септември од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија, а нејзиното првобитно лансирање, закажано за мај оваа година, беше одложено поради неуспешно полетување.

Слични содржини