Столтенберг го поздрави одобрувањето од страна на турскиот парламентарен комитет на кандидатурата на Шведска за пристап во НАТО

од Radmila Tasevska
224 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска го поздрави одобрувањето од страна на Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент за пристапување на Шведска во Северноатлантската алијанса, чекор што го отвора патот за формално прифаќање на земјата во пактот.

Турција беше последната земја-членка на НАТО, заедно со Унгарија, која го блокираше патот на Шведска кон членство во пактот.

-Верувам дека (овие две земји) ќе ги завршат процедурите за ратификација на пристапот на Шведска што е можно побрзо, што ќе го направи НАТО посилен, рече Столтенберг во изјавата.

Слични содржини