Таравари: Легитимно е да се зборува за нов Устав кој ќе биде пофункционален

од Nikola Popovski
195 прегледи

Легитимно е после избори, ако продолжи националистичкиот наратив од некои партии, ќе има реакција и ќе започне да се зборува за нови уставни промени и за ново уредување на државата, за децентрализација за која веќе зборуваме 15 години, а ништо не правиме во тој правец, изјави синоќа градоначалникот на општина Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Тој истакна дека не е националист поради неговите ставови.

-Легитимно е да се зборува за нов Устав, ако сегашниот е крпен по 100 пати. Легитимно е да се зборува за нов кој што ќе биде многу пофункционален и ќе овозможи државата да се развива многу подобро отколку сега. Ова не се националистички изјави, иако некој така ги доживува. Ова е мое реално гледање. Како политичари имаме задача да ја гледаме проекцијата како ќе изгледа државата во иднината. Имаме обврска некои работи да ги кажеме, па ќе видиме дали сме биле во право, кажа Таравари во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини