Арсовска: Финансиската полиција не влезе за украсувањето од 300.000, но го тресе Градот за 30 илјади евра

од Nikola Popovski
319 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска уште еднаш најави дека следната година уште од 15-ти септември ќе го украсува градот за новогодишните празници. Како што истакна, „како ќе се вратат граѓаните од одморите, ќе почнеме да китиме и ќе видиме дали тогаш ќе биде прерано, но нема да биде предоцна“.

Арсовска информира дека Финансиската полиција влезе во Градот и ја собираат документацијата за новогодишното украсување на Скопје од 30 илјади евра.

-Не влегува за 300 илјади евра, туку влегува за 30 илјади евра. Немам сомнеж во институциите, туку во корумпираните политичари, додаде градоначалничката.

За објавената фотографија како игра шах со Дедо Мраз, Арсовска вели дека „пораката е до сите корумпирани политичари кои што крадат од граѓаните“.

-Работам коректно со средствата на граѓаните. Се обидуваме со градската администрација да работиме попрофесионално. Јас го давам најдоброто од себе и тоа што го можам. Против мене работат најголемите опции во Македонија, кажа Арсовска во емисијата „Студио 10“.

Градоначалничката обелодени дека досега во Скопје се реализирани над 450 проекти.

Слични содржини