📸 Познат актер пронајден мртов во автомобил: Бил под полициска истрага

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Ли Сун-кјун (48), популарниот јужнокорејски актер најпознат по улогата во филмот награден со Оскар „Паразит“, беше пронајден мртов во автомобил во Сеул во средата, соопштија властите, по неколку недели интензивна полициска истрага за неговата наводна употреба на опијати.

Како што објави Skynews, Сун-кјун бил под полициска истрага во моментот на неговата смрт, поради сомневање за употреба на дрога.

Полицијата во Сеул го идентификуваше актерот откако на 27 декември во 10:30 часот на паркинг беше пронајдено тело на маж на околу 40 години. Претходно во текот на денот полицијата добила повик од сопругата на актерот дека во нивниот дом пронашла белешка во која се најавува неговото самоубиство, по што започнала потрага по него.

Сун-кјун бил фатен како користи дрога неколку пати во еден бар во Сеул, а на полицијата ѝ рекол дека „хостесата му подметнала дрога“. Неколку дена пред смртта, Сун-кјун три пати бил испрашуван во полиција, а сослушувањето кое се случило минатиот викенд траело дури 19 часа.

Законите во Јужна Кореја се многу строги кога станува збор за дрога – казните се движат од 6 месеци до 14 години за повратниците.

Сун-кјун стана светски познат по улогата на Донг Ик во хит филмот „Паразит“, кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм во 2020 година. Тоа е првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој освоил Оскар во оваа категорија.

Слични содржини