Немам информации дека има грчка инвазија во Македонија и во македонскиот енергетски сектор. Земјата има отворена и транспарентна економија каде што има јавни повици кои се отворени за сите заинтересирани страни, согласно критериумите и потребите на државата, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Според кажаното на прес-конференцијата во Владата, компаниите кои ги исполнуваат потребните критериуми секако можат да учествуваат на такви повици.
-Не се согласувам дека има грчка инвазија. Мислам дека дека ние со Грција имаме одлични односи во делот на економската соработка. Согласно моите информации и податоци, во делот на енергетиката, повеќе инвестираат нашите домашни компании, особено во делот на обновливите извори за енергија, кажа Бектеши.