Кремљ: Било каква нова помош од ЕУ нема да влијае на исходот од конфликтот во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека секоја нова помош што Европската унија ја испраќа за Украина нема да влијае на исходот од тамошниот конфликт, додавајќи дека испраќањето помош само ќе ѝ наштети на европската економија.

„И Европејците и Американците се веќе свесни за нивото на корупција во Украина и разбираат дека значителен дел од парите кои им се испратени се украдени“, рече Песков на брифинг со новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека новите пакети помош „нема да можат да го променат текот на настаните во конфликтот во Украина“.

Слични содржини