Опозицијата во Конго тврди дека полицијата пукала врз демонстрантите кои бараат нови избори

од Radmila Tasevska
188 прегледи

Кандидатот на опозицијата на претседателските избори во Конго, Мартин Фајулу, ја обвини полицијата дека пукала со боева муниција кон граѓаните на денешниот протест на опозицијата, на кој се бараше повторување на изборите поради бројни нерегуларности.

Полицијата негираше дека користела вистински куршуми и рече дека само го одржувале мирот кога најмалку 100 демонстранти фрлаа со камења и палеа гуми.

Фајулу рече дека граѓаните на Конго нема да прифатат доколку актуелниот претседател Феликс Чисекеди повторно биде прогласен за победник на изборите и додаде дека доколку нема прегласување, протестите ќе продолжат.

Според официјалните податоци до синоќа, Чисекеди имал речиси 79 отсто од гласовите, лидерот на опозицијата и бизнисмен Мојсе Катумби околу 14 отсто и Фајулу околу 4 отсто од околу шест милиони преброени гласови.

Конечните резултати се очекуваат пред Нова година.

Слични содржини