Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе

од Radmila Tasevska
215 прегледи

Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21 декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице.

-При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши пукањето. Во него признал дека го извршил убиството во шумата Клановице, рекол портпаролот на полицијата Јан Данек, пренесуваат чешките медиуми.

Деталите за тоа злосторство не се соопштени, а балистичките тестови утврдиле дека оружјето користено во шумата Клановице е истото кое било пронајдено во куќата на убиецот.

Убиството на маж и неговото двомесечно дете се случило на 15 декември кога се шетале во шума во близина на Прага.

Во масовно пукање на Универзитетот Карло во Прага, 24-годишниот студент Дејвид Козак уби 14 лица и рани уште 25 пред да се самоубие.

Слични содржини