251
Собранието денеска треба да ја одржи 137-та седница, на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Прашањата треба да бидат упатени кон премиерот и членовите на Владата.
Тоа е последна седница на Собранието за годинава. Ваква пленарна седница се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратениците од опозицијата.
Почетокот на седницата е предвиден за 11 часот.