151
Францускиот претседател Емануел Макрон ноќеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неопходноста од работа за постигнување траен прекин на огнот во Појасот Газа, со помош на сите регионални и меѓународни партнери.
Како што соопштија од Елисејската палата, Франција во наредниот период ќе соработува со Јордан кога станува збор за хуманитарните операции во Појасот Газа, пренесува „Ројтерс“.
Кабинетот на израелскиот премиер соопшти дека Нетанјаху и Макрон разговарале за нападите на јеменските Хути на бродови во Црвеното Море, за прекуграничната размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах во Либан и за војната на Израел против Хамас во Газа, пренесе „Тајмс оф Израел“.