165
Состојки:
– 1,5 л пилешка супа
– ситно сечкан кромид
– 2 лажички сечкан лук
– 2 рендани моркова
– 2 стебленца целер
– 500 мл сос од домати
– 250 гр ситни тестенини
– 250 гр слатка пченка
– 250 гр ситно сечкан кељ
– 3 лажици маслиново масло
– сол, бибер
Подготовка:
Загрејте маслиново масло во тенџере, додадете ситно сечкан кромид и лук, моркови и целер и динстајте околу пет минути.
Потоа додадете пилешка супа и сос од домати, покријте и варете на умерена температура 15 минути.
Додадете тестенини, пченка и сецкан кељ. Додадете сол и бибер, промешајте и варете уште 15 минути, додека тестенините не омекнат.