Адеми: Ова е историски ден – од исходот на постапката ќе се исцрта иднината на македонското судство

од Nikola Popovski
197 прегледи

Денеска и во периодот кој што следи, исходот на оваа постапка ќе ја одреди иднината на нашето судство во РС Македонија, изјави претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на денешната седница на Судскиот совет, на која се бара нејзина одговорност.

Со оглед дека седницата на Судскиот совет е со присуство на медиуми, Адеми ја поздрави одлуката за јавност на целата постапка.

-Медиумите имаат важна улога во едно демократско општество и за владеење на правото. Oва е историски ден, кажа меѓу другото Адеми.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.

-Вкупно на 21 седница на Судскиот совет, судијката не присуствувала. И покрај тоа што непосредно пред одржување на некои од седниците, има доставено известување за неприсуство, сепак истото е без доказ за оправданост на отсуството, со што не ги извршувала законските должности. Со опишаните дејствија, судијката Адеми во наведениот период со неприсуство на седниците, оневможила координирано, активно и ефикасно преземање на мерки и активности во рамки на Судскиот совет, со цел остварување на неговите функции, во насока на обезбедување на самостојноста и независноста на судската власт, изјавија меѓу другото од Судскиот совет на денешната седница.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за sdk.mk посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

Слични содржини