Белгија ќе работи на проширување на ЕУ со земјите од ЗБ: „С. Македонија и Албанија напредуваат“

од Nikola Popovski
206 прегледи

На 1 јануари Белгија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Европската унија (ЕУ), а белгиската амбасадорка во Србија, Кети Бугенхаут по тој повод изјавила дека еден од приоритетите ќе биде проширувањето на ЕУ, пренесува „РТВ“.

Во интервју за „Танјуг“, таа рекла дека тоа е 14-то претседавање на Белгија со Европската Унија од нејзиното формирање и дека институционалниот дел на претседателството ќе го вклучи изготвувањето на законодавната агенда на ЕУ заедно со Европскиот парламент (ЕП), како подготовка за изборите за ЕП што ќе се одржат од 6 до 9 јуни следната година.

Таа објаснила дека институционалниот дел вклучува и подготовка за следната Европска комисија, односно стратешката агенда за 2024-2029 година.

Според неа, приоритетите поврзани со содржината на претседателството се централизирани околу три кластери.

„Првиот кластер е заштитата на нашиот народ. Сите имавме тешки години, кризи во Србија и Белгија и ЕУ, имавме Ковид-19 каде многу луѓе се чувствуваа оставени и не се чувствуваа добро. Имавме и руска агресија против Украина. Сакаме да го заштитиме нашиот народ, да му дадеме нова перспектива, поттик, демократија, владеење на правото, да најдеме решение за енергетската криза и тоа е нашиот прв кластер. Вториот кластер на работа е зајакнување на економијата. Сите зборуваат за зелената транзиција поради климатските промени, но зелената транзиција значи дека треба да ја зајакнеме соработката и економијата до договорот за зелена транзиција и да ги охрабриме партнерите за поголема економска соработка“, рекла таа.

Како трет работен кластер, Бугенхаут ја истакнала подготовката за идната Европа, која го вклучува и проширувањето на ЕУ и посочила дека целта е силна и ефикасна Унија, поради што треба да размислиме како да ја подготвиме ЕУ за ова проширување.

Таа нагласила и дека проширувањето кон Западен Балкан ќе биде голем дел од работата на Белгија.

„Ние ги имаме сите земји од Западен Балкан како земји кандидати, но Србија е очигледно понапредна, како и Црна Гора, Албанија и Северна Македонија кои напредуваат, а БиХ работи на приоритетите. Сега го имаме вистинскиот моментум, следејќи ја геополитичката ситуација што бара од сите ние, без разлика дали се работи за Србија или која било друга земја од Западен Балкан да ги здружиме нашите сили и да ја направиме Европа поефикасна и попросперитетна и да го зачуваме мирот“, рекла амбасадорката.

Слични содржини