203
Русија има список на имот што може да биде одземен од странци како одговор на нивните постапки, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.
„Разбирајќи ја целосната непредвидливост на нашите партнери, нивната тенденција да го прекршуваат меѓународното право и другите закони, вклучително и нивните национални (закони), разбирајќи ја нивната тенденција за самоуништување, тогаш, се разбира, однапред ги анализиравме можните чекори на одмазда и ќе сториме се најдобро да одговара на нашите интереси“, рече Песков, пренесе РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ нагласи дека ефектот на бумеранг од санкциите врз Москва е веќе евидентен и дека многу странци почнале да размислуваат за исправноста на нивната политика.