Столтенберг: НАТО будно ја следи ситуацијата во Полска

од Radmila Tasevska
236 прегледи

НАТО ја следи ситуацијата во Полска по извештаите дека руска ракета можеби навлегла во воздушниот простор на земјата-членка на Алијансата, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на социјалната мрежа Х, цитиран од британските медиуми.

„Разговарав со (полскиот) претседател Анджеј Дуда за ракетниот инцидент во Полска. НАТО останува солидарен со нашиот ценет сојузник, ја следи ситуацијата и ќе одржува контакт додека се разјаснат фактите“, увери Столтенберг и додаде дека „НАТО останува буден“.

Слични содржини