Низ времето, различни региони на Источна Европа развиле свои варијации на оваа салата, но неколку основни состојки се заеднички за сите: компири, јајца, моркови, кисели краставички, лук, грашок и прелив на база на мајонез.
Руската салата е незаменлив дел од празничната трпеза кај нас и ја знаеме само како таква. Сепак, оваа салата е популарна низ цела Источна Европа и сега во светот, а позната е под различни имиња како „Енсалада Руса“ или „Салата Оливие“.
Ова е едноставна салата од 18 век, измислена од Лусиен Оливие и широко прилагодена низ Источна Европа, пренесува City magazin.
Руска салата, рецепт
Состојки:
Компир
Моркови
Јајца
Грашок
Кисели краставички
Лук
Шунка (опционо)
Мајонез
Сенф
Подготовка:
Руската салата е многу едноставна, но бара неколку чекори и дополнително време, бидејќи зеленчукот и јајцата треба да се сварат и изладат пред да се исечат.
Чекор 1: Ставете ги јајцата во тенџере со ладна вода. Оставете да зоврие и варете уште 10 минути. Извадете ги јајцата од водата и оставете ги целосно да се изладат пред да ги излупите.
Чекор 2: Неизлупените компири и моркови ставете ги во тенџере со вода. Додадете една лажичка сол и оставете да зоврие. Гответе додека зеленчукот не омекне, околу 20-25 минути. Се вади од водата и се остава целосно да се излади пред да се лупи.
Чекор 3: Излупете ги и исечкајте ги киселите краставички (лупењето е по избор).
Чекор 4: Исечете го лукот.
Чекор 5: Исцедете го и исплакнете го конзервираниот грашок.
Чекор 6: Излупете ги и исечкајте ги јајцата, компирите и морковите (ако користите, исечете ја и шунката на коцки).
Чекор 7: Ставете ги сите состојки во голем сад и измешајте.
Чекор 8: Во помал сад измешајте мајонез со сенф и бибер. Додадете го во состојките за салата и повторно измешајте сè.
Совет: Не ја посолувајте смесата со мајонез. Мајонезот, како и сенфот, веќе содржат многу сол. Прелијте ја салатата со преливот, вкусете, па дури потоа посолете по потреба. Запомнете, секогаш можете да додадете сол, но не можете да ја отстраните!